Тошевски ги повика граѓаните да гласаат за правда

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На последниот ден од кампањата за првиот круг на претседателските избори, претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Иванчо Тошевски денеска ги повиќа граѓаните в недела да гласаат за правда.

„Правда е да имате подобар живот, работа за сите, повисок стандард! Правда е конзулска Битола да биде таква, а не со раскопани улици, нерешен сообраќаен хаос, без превоз за учениците, со повисоки цени на јавните услуги, со поскапена цена на водата и ѓубре по улиците! Правда е и Вашите деца да добијат шанса за работа, а не само нивните браќа, сестри, роднини и партиски пријатели! Правда е Вие, во родениот град, во државата во која сте се родиле без никаква закана и притисок, преку највисокиот демократски чин – со ВАШИОТ ГЛАС да им кажете јасно и гласно, дека вака не може и ова мора да престане и на тој начин директно да учествувате во создавањето на ПОДОБРА БИТОЛА, ПРАВЕДНА МАКЕДОНИЈА! Мои битолчани, достоинството нема цена, ВИЕ секогаш сте одлучувале мудро, храбро и праведно! Вие, од овде од Битола, во недела на 21 април, и овој пат ќе бидете гласот на разумот и надежта, гласот на праведните и мудрите, и ќе им покажете дека поддршката се заслужува единствено со праведност, работа и почитување! Сите ние, низ животот мораме да носиме помали и поголеми одлуки, некогаш тоа е јасно, некогаш одлуките ги следат многу дилеми и недоречености. Овој пат, сигурен сум дека одлуката ќе ја донесете врз двата основни принципа – правда и праведност! Правда за сите, правда за конзулска и космополитска Битола, правда за Македонија!!!“ рече Тошевски.

Share.