Тошевски и забележа на Петровска зошто со Заев не дале отчет

0
1016
SONY DSC

На последната седница на Советот на општина Битола во делот на советничките прашања до градоначалничката, советникот од ВМРО ДПМНЕ Иванчо Тошевски ја праша градоначалничката за отчетот пред јавноста.

Таа рече дека за време на посетата на премиерот Зоран Заев била организирана средба со целна група и дека на тој начин се разговара со јавноста за да може и владата и локалната самоуправа да ги слушне мислењата на другата страна.

Во конкретниот случај премиерот имаше средба со битолските стопанственици каде меѓу другото беа соопштени мерките што владата ги презема за помош на стопанството, рече Петровска.