ТЕРА

REKLAMA???

ТОШКОВСКИ: КОВАЧЕВСКИ НЕ Е ДОСТАПЕН И НЕ СЕ ОТКАЖАЛ ОД МАКЕДОНСКОТО ДРЖАВЈАНСТВО

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски прашан дали стапиле во контакт со Васко Ковачевски и дали се знае точно неговата локација, рече дека тој не е достапен на органите на прогон и дека ќе сторат се во рамките на нивната законска надлежност да постапат, се со цел да биде обезбеден и да биде изведен пред лицето на правдата.

„Вчера имаше многу шпекулации во однос на тоа каде се наоѓа, во делот на тоа дали се откажал од македонското државјанство. Она што е факт е дека посоченото лице е во рамки на регистарот на државјани на Македонија, истото е државјанин македонски и не побарало отпуст согласно информациите кои што ги имам во овој момент“ рече министерот Тошковски.

Купениот адитив бил трипати поскапо наплатуван, а според доказите што ги соопшти Тошковски, речиси и да не бил користен, а тоа што било искористено нанело штета на блоковите во РЕК „Битола“. Во акцијата досега се запленети 220 илјади евра.