ТЕРА

REKLAMA???

ТОШКОВСКИ: РЕШЕНИЕТО НА ПРОБЛЕМОТ СО ЛИЧНИТЕ ДОКУМЕНТИ Е ИЗМЕНА НА ДВА ЗАКОНИ

Министерот за внатрешни работи во техничката влада Панче Тошковски рече дека оние што имаат двојно државјанство ќе можат да излезат од Република Македонија и да влезат во државата, а оние што имаат лична карта со старото име нема да бидат сопрени од полициските службеници и ќе им биде дозволено да излезат од границите кон оние држави со кои имаме билатерален договор, како Србија, Албанија и Косово, но, како што вели Тошковски, не може да се гарантира дека тие ќе можат да влезат во соседните држави.

„Сакам да им се извинам на граѓаните на Република Македонија за сето она што е предизвикано и ќе следува во наредниот период, а е последица на неработењето, непрофесионализмот, незнаењето и полтронството на сите оние што имаат директна вина за денес граѓаните да бидат на ова дереџе. Ова денеска на ТВ Канал 5 го изјави техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски за последните детали за начините на кои граѓаните ќе може да ги користат личните документи по 12 февруари годинава, кога согласно Преспанскиот договор завршува рокот за нивна промена.

Тој кажа дека нашите граѓани кои се надвор од Македонија, без разлика дали имаат патна исправа со старото или со новото име, тие ќе може да пристигнат во државата, која е должна да ги прими.

„ Заклучно од 13.2.2024 патните исправи кои се старото име нема да важат. Тие нема да можат да излезат од територијата на Република Македонија. Оние што ќе пристигнат на граница ќе бидат вратени. Службениците ќе мора да постапат по закон и да ги вратат назад. Второ, согласно Законот за безбедност во сообраќајот, возачките дозволи кои се со старото име повеќе нема да важат ниту за внатрешна ниту за надворешна употреба. Ги замолувам граѓаните да не ги возат возилата со старите возачки дозволи. По медиумите има информации дека МВР ќе казнува. Тоа не е суштината. Не дај Боже, ако се случи сообраќајна несреќа, осигурителните компании ќе имаат право на регрес само поради условот што возачката дозвола е неважечка. Ова е невидена грозотија која од утре ќе се случува“, рече тој.

Тошковски вели дека ако има политичка волја за еден ден ќе се реши проблемот со личните документи. Решението, според него е измени на два закона, за лични документи и за безбедност во сообраќајот.

„Со тоа што ќе забраниме излез на македонските граѓани го кршиме основното човеково право на движење… државата ќе треба да плати надомест за штета на секој еден граѓанин, на кој ќе му оневозможи да излезе од државата, а е со валидна патна исправа од аспект на втиснат датум, со старо име. Тоа го имаме од една страна, а од друга страна, нема кршење на меѓународни договори ако се усогласат техничките рокови од Преспанскиот договор врз основа на објективните човекови и технички капацитети на Република Македонија. Во секој случај само може да ја исполниме суштината на истиот, а во никој случај да ги прекршиме техничките рокови“, посочи Тошковски.

Со меѓународен билатерален договор, според Тошковски, не смее да се кршат човекови права.