Трагедија во Канада

0
577

Во судир меѓу камион и автобус кој превезувал хокејарски тим во Канада загинаа повеќе луѓе. Хокеистите биле на возраст меѓу 16 и 21 година.

Канадската полиција потврди 14 смртни случаи по сударот на камион со автобусот на хокеистите, јавува Би-би-си.

Хамболт бронкос патувале преку автопатот 35, северно од Тисдејл во Саскачуан. Полицијата јави дека во автобусот имало 28 луѓе, од кои 14 загинале, вклучувајќи го и возачот. Останатите 14 се префрлени во болница, а тројца се во критична состојба.

Премиерот Џастин Трудо напиша на Твитер дека не може ни да замисли низ што сега минуваат нивните родители.

Автобусот и камионот се судрија вчера во 17 часот по локално време. Тимот на Хамболт патувал на натпревар против Нипауин хокс.

Мајлс Шумлански, татко на еден од играчите, пристигнал на местото на несреќата по повик од синот.

mkd.mk