Традиционална фризерско-берберска забава во Битола

0
4913

Традицијата за битолските фризери и бербери продолжува. И оваа година на празникот св. Атанасиј кој е заштитник на фризерите тие заедно со берберите го прославија овој ден во ресторан Белведере.
На забавата присуствуваа повеќе фризери и бербери од Битола.

– По 28 ми пат се одржува оваа средба берберско-фризерска забава во знак на дружење колегиум, почитување едни со други и сакам оваа традиција да продолжува понатаму. Вечерва сме околу 80 души некогаш сме биле и повеќе некогаш и помалку сепак зависи од расположението на колегите, изјави Николче Петковски – Никуч, домаќин

Секоја година она што е традиционално е и вртењето на мазникот со паричка. Велат дека на оној на кој ќе му се падне паричката ќе има бериќетна година. Оваа година паричката отиде во рацете на стилистот Симе Лопатички.

Одржувањето на оваа традиција е значајна за градот.

– Јас сум среќен што гледам помлади луѓе, среќен сум што еснафот сеуште живее во овој град, убаво е што има дружба , репект, колегијалност. За разлика од порано каде што забавите ни беа дневни сега почнавме некој нов стил на вечерни забави и дружења на овој патрон да го празнуваме, изјави Димче Ивановски од Кармен Ексклузив

Фризерството како занает е еден од најкреативните и најстарите занаети кои што континуирано го следат трендот, нудејќи му на своите муштерии пософистициран изглед. Меѓу присутните беше и најмладиот фризер Ѓорги кој од 7- мо оделение го изучува овој занает, а сега има и свој фризерски салон , тој вели дека занаетот не треба само да се изучува, туку и да се сака.

Убавината на занаетот е во тоа што не е само порив, туку и нешто што може и што треба да се изучува, што може да се пренесува од колено на колено, да му се продолжува векот.

Присутни на забавата се забавуваа песните на групата Џокер бенд.