Традиционалните црвени јајца доминантни, а за најмладите и по некое шарено

0
582

Почитувајќи ги обичаите за Велики четврток, домаќинките од Битола , рано утрото пред изгрејсонце започнале со фарбање на велигденските јајца. Најпрво се вапцуваат три црвени јајца, првото е наменето на Господ и се вика Господово јајце, второто на семејството, а третото на стоката и бериќетот.Првото јајце се остава пред икона, каде треба да стои до наредниот Велигден.Битолчанки велат дека ги исфарбале во црвена боја, а направиле и по некое шарено јајце за да ги израдуваат внуците .Помладите учеле од повозрасните.

Фарбањето на црвени јајца е дел од подготовките во домот во пресрет на најголемиот христијански празник-Велигден. Утре и задутре домаќинките продолжуваат со правење на разни јадење кои традиционално во недела ќе се најдат на трпеза.