ТЕРА

REKLAMA???

ТРАДИЦИОНАЛНОТО ЧЕСТВУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА РУСКАТА ДИПЛОМАТИЈА ВО БИТОЛА

10 февруари се празнува како ден на руската дипломатија, а кај нас руската заедница, здруженијата за македонско-руско пријателство во присуство и на претставници на политичкиот и дипломатскиот кор го одбележуваат кај споменикот на рускиот конзул во Македонија од илинденските денови Александар Ростковски.

476 години руска дипломатска работа не е мала работа, а секоја година токму ова се одбележува  во Битола. Пред толку години првпат Русија формирала надорешно-политичка канцеларија – државна институција којашто до 1720 година била задолжена за односите со странство, во историјата е познато како „Посолски приказ“.

Александар Ростковски пак на македонско тло дошол во 1895 година, време кога македонската национална свест забрзано се изградува под налетот на злосторствата на Османлиите. Ростковски помагал на христијанското население, а неговите дописи во матичната земја се сведоштва за неправидите на кои било изложено македонското население.

Годинава битолското одбележување започна со помен за сите дипломати кои животот го загубиле во текот на својата служба во некоја од земјите, како Александар Ростровски во Битола кој бил убиен во 1903 година, во екот на илинденските случувања и во близина на местото кадешто денеска се наоѓа споменикот во негова чест.

Рускиот амбасадор во Македонија, неговата екселенција Сергеј Баздникин ја уважи работата на сите дипломати и особено на својот далечен претходник Александар Ростковски. Но фокусот и годинава го страви на , како што рече „специјалните воени операции на Русија со Украина“ пренесувајќи го руското чувство за операциите кои траат веќе три години. Светскиот поредок што настана по Втората светска војна е доведен во прашање затоа што се заснова на принципите на меѓународното право и главниот извор Повелбата на ОН, вклучувајќи го и клучниот принцип – суверена еднаквост на државите, рече рускиот амбасадор во Македонија Сергеј Баздникин.

„И денес земјите од „политичкиот Запад“ не се откажуваат од обидите да ја „укинат“ Русија. Тешко е да се поверува дека земјите од Европа кои ги доживеале ужасите на Втората светска војна можат отворено да го поддржат режимот во Киев, кој не само што ја возвишува неонацистичката мизантропска идеолоија, ги издигнува колаборационистите осудени од Нирнбершкиот трибунал на ниво на национални херои, туку и ја спроведува во пракса ; вклучително и во однос на руските цивини згради и мирни луѓе, вклучувајќи жени, деца и постари лица. Сето ова е добро познато – сите оние кои се виновни за злосторства, вклучувајќи масовни егзекуции на цивили (а доказите за тоа се појавуваат се почесто) ќе ја добијат заслужената казна. Работите приближуваат до апсурд. Неодамна, на Денот на сеќавањето на холокаустот, многу западни политичари се воздржаа да коментираат кој всушност го ослободил концентрациониот логор Аушвиц. Овој став го сметаме за обид да се фалсификува историјата, да се оправдаат нацистите и нивнитѕе соработници и да се ретушира улогата на Црвената армија во ослободувањето на народите на Европа и , во крајна линија – да го поткопа угледот на нашата земја.“

Амбасадорот Баздникин се осврна и на руско-македонските односи. Рече :

„Им се обраќам на нашите македонски пријатели присутни тука. Ова е период кој не е нималки лесен во односите меѓу нашите земи, но не е наш исзбор, Убеден сум дека тоа му е добро познато на братскиот македонски народ, со ког о не обединуваат вековните врски на пријателстѕво и меѓусебно почитување, засилени со заедничка праовславнба вера, духовно и културно сродство, словенски корени, испреплетување на човечките судбини. Чувствуваме пријателски односи и симпати икон Русија буквално на секој чекор и високо го цениме ваквото однесување на луѓето. Сето ова може да помогне да се обноват врските кога условите ќе бидат соодветни. „

Историјата говори дека институционализацијата на дипломатските односи што го направи Русија пред 5 века го прифатиле и другите земји. Посолскиот приказ имал 5 одделенија одговорно за односи и коресоиднција со различни групи држави. Ростковски во Битола беше во состав на одделението за односите со османлиска Турција. Поменот на  почетокот на одбележувањето го  предводеше митрополитот преспанск-пелагониски гопсодин Петар. Тој не пропушти да каже дека на ростоковски семеен пријател му беше еден од основоположниците на македонскиот  јазик Крсте Петков Мисирков, кој истовремено бил и тутор на децата на рускиот амбасадор.

Денеска на идејата за институционализација на дипломатските односи и работата на Ростковски во Македонија се поклонија и Делимир Стојковски, почесен руски конзул во Охрид, Даринка Крстановска, поранешен почесен руски конзул во Битола, Амбасадорот на Босна и Херцеговина Драган Јакимович, воениот аташе на НР Кина полковникот Зунин, пратеникот на Левица Реџеп Исмаил, пратеникот на Демократска партија на србите Драган Недељкович, советничката од ВМРО-ДПМНЕ Лидија Павловска како претставниок на Општина Битола.,, претставници на Лукоил Mакедонија, здружението за македонско-руско пријателство и регионалното здружение за македонско-руско пријателство, наши руски сограѓани.