Трамп: Америка повеќе нема да биде светски полицаец

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД повеќе нема да бидат светски полицаец, ниту пак за тоа ќе трошат огромни пари.

„Сѐ помалку сакаме да бидеме светски полицаец. Со децении трошевме огромни пари за поддршката на редот во светот и тоа не треба да биде нашиот приоритет. Ние сакаме да заведеме ред кај нас, планираме да ја обновиме нашата земја“, кажа Трамп на конференцијата со претседателот на Нигерија Мухамед Бухари.

Претседателот на САД ја смета за недозволива ситуацијата со нуклеарната програма на Иран, но не наведе дали Вашингтон ќе излезе од заедничкиот сеопфатен план.

Додаде дека можното излегување на САД од нуклеарниот договор со Иран ќе биде позитивен сигнал за Северна Кореја.

Тој истакна и дека средбата со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун може да биде одржана во демилитаризираната зона или во Сингапур.

На прашањето дали средбата навистина ќе биде одржана, Трамп одговори: „Да, мислам дека ќе биде“.

Повтори и дека ќе ги напушти преговорите ако не се одвиваат онака како што тој сака.

„Ким Џонг Ун засега се однесува отворено. Морам да повторам дека така беше до сега. Меѓутоа, тој зборува дека ќе ги затвори нуклеарните објекти, дека нема да врши тестирања, нема да лансира балистички ракети, нема да има повеќе нуклеарни тестирања. Тој тоа го почитува веќе некое време, подолго од кога било претходно“, им кажа Трамп на новинарите.

mkd.mk

Share.