Трамп го напушти состанокот на Г7

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Како што и претходно најави, претседателот на САД, Доналд Трамп, го напушти самитот на најразвиените земји во светот – Г7, пред крајот, со цел да го избегне разговорот на една за него, непријатна тема.

Се работи за климатските промени кои Трамп не ги признава, додека останатите земји од групата се противат на таквата позиција.

Г-7 лидерите на вториот и последен ден од самитот, се состанаа на појадок пред закажаното предвремено заминување на американскиот претседател, а во средиштето на утринскиот состанок било прашањето на родовата еднаквост.

Share.