Трамп: Додека сум претседател ќе ги бранам правата на сопствениците на огнено оружје

0
244

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави пред членовите на Националното здружение на сопственици на огнено оружје (НРА) дека правата им се „под опсада”, но тој ќе ги застапува се додека е претседател, пренесе ДПА.

На конференција на НРА во Далас, Тексас, Трамп повторно повика во училиштата да има вооружен персонал како начин за спречување престрелки, како онаа во Паркленд, Флорида, во февруари, кога беа убиени 17 лица.

На собирот, Трамп изјави дека да имало оружје, ќе го запрело терористичкиот напад во Париз, симулирајќи движење со раката како да има пиштол и извикувајќи „бум, бум“.

– Еден вработен…или едно лице од оваа просторија да беше таму со пиштол, напаѓачите ќе беа запрени во својата намера, оцени Трамп.

– Терористите би побегнале или би биле застрелани и тоа би било сосема друга приказна, оцени американскиот претседател. Тогаш Трамп направи гестикулација како да пука, симулирајќи пукање на невини жртви.

– Бум, дојди ваму. Бум, дојди ваму. Бум, дојди ваму. Бум…, презентираше Трамп.

Во нападите во Париз во 2015 година беа убиени 130 лица.

МИА