Трамп испраќа војска на границата со Мексико

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Американскиот претседател Доналд Трамп работи со гувернерите на пограничните сојузни држави на распоредување на националната гарда на границата со Мексико со цел борба против илегалната имиграција. Ова го изјави американската министерка за внатрешна безбедност Кристјен Нилсен, наведувајќи дека разместувањето на војниците ќе биде спроведено што е можно побргу. „Заканата е вистинска. Време е да дејствуваме“, изјави таа, наведувајќи дека Трамп ќе потпише указ за испраќање на војската на границата со Мексико.

slobodnaevropa.mk

Share.