Трамп и Ким се ракуваа во Сингапур

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Претседателот на САД Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун, самитот го оценија како многу успешен.

„Самитот помина подобро отколку што сите очекуваа“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп на крајот од историскиот состанок со лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун, во Сингапур. Трамп додаде дека денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров ќе започне многу бргу.

Двајцата лидери потпишаа документ, чија содржина ќе биде соопштена подоцна.

Северно-корејскиот лидер Ким Џон Ун оцени дека по овој самит, минатото е заборавено.

Двајцата претседатели најнапред имаа 40-тина минути тет а тет средба, а потоа се одржа и состанок на двете делегации на највисоко ниво. Главна тема на самитот беше денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров.

Ова е прва средба меѓу претседатели на САД и на Северна Кореја.

Започна со срдечно ракување на двајцата претседатели и насмевки. Трамп веднаш порача: „Ќе имаме одлични релации, немам сомневање“.

„Не беше лесно да се дојде до тука, во минатото, практиките и предрасудите работеа против нас и имавме многу опструкции, но надминавме многу од нив и сега сме тука“, изјави северно-корејскиот лидер Ким Џонг Ун. Тој додаде дека многу луѓе ќе мислат дека ова се сцени од некој научно-фантастичен филм.

slobodnaevropa.mk

Share.