Трамп и Ким ќе се сретнат на 12 јуни во Сингапур

0
97

Првата средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ќе се одржи на 12 јуни во девет часот во Сингапур, соопштено е од Белата куќа.

– Нашиот тим во Сингапур завршува со подготовката и ќе остане таму сè додека средбата почне – изјави Сара Сандерс портпарол на Белата куќа.

Таа додаде дека Трамп ќе има секојдневни брифинзи за Северна Кореја до почетокот на средбата.