Новоизбраниот претседател Доналд Трамп беше прогласен за „Личност на годината“ од магазинот „ Time“ денес, по неговиот неверојатен политички come back – кој списанието го опиша како „неспоредливо во американската историја“.
Сем Џејкобс, главен уредник на Time, во емисијата „Today“ на NBC објави дека Трамп е избран за личност на годината на магазинот за 2024 година, бидејќи „во добро или во лошо, имаше најголемо влијание врз вестите во 2024 година“.
„Ова е некој кој направи историски come back, кој го преобликува американското претседателство и кој ја преуредува американската политика“, рече Џејкобс. „Тешко е да се расправаме со фактот дека личноста која се преселува во Овалната соба е највлијателната личност во вестите“.
Фото: NBC











