Трамп повторно повика на изградба на ѕид на границата на САД со Мексико

0
211

Претседателот на САД Доналд Трамп повторно повика на изградба на ѕид долж границата со Мексико.

„Демократите изгледа се стремат луѓе и дрога да влегуваат во нашата земја од јужната граница – процес, при кој се изложува на ризик животот на илјадници луѓе. Моја обврска е да ги бранам животите и безбедноста на Американците. Треба да изградиме Голем ѕид”, напиша Трамп на Твитер.

Претседателот на САД прецизираше дека тој не е против прием на имигранти, но кои исполнуваат одредени критериуми.

Американскиот претседател Доналд Трамп пред речиси една година го потпиша указот за изградба на ѕид на границата меѓу САД и Мексико. Тогаш Трамп рече дека новиот ѕид ќе чини помеѓу четири милијарди и 10 милијарди долари, но од Универзитетот во Масачусетс наведоа дека изградба на ѕид долг 1.609 километри ќе чини помеѓу 27 и 40 милијарди долари.

alsat-m.tv