Трамп: Подготвен сум за самитот во Сингапур

0
137

Говорејќи пред новинарите во Белата Куќа каде го прими јапонскиот премиер Шинзо Абе, Трамп изјави дека самитот е подготвен, но дека темата може да се промени. Абе истакна дека се надева оти самитот ќе донесе големи промени во североисточна Азија.

Американскиот претседател повтори дека Пјонгјанг мора да се откаже од нуклеарното оружје или САД пак би можеле да воведат нови санкии ако биде потребно.

„Тие мораат да се денуклеаризираат или санкциите ќе бидат построги“, изјави американскиот претседател истакнувајќи дека е добро подготвен за самитот и дека се надева дека нема да треба дополнителна подготовка зошто се работи само за волјата и желбата да се направи нешто.