Трамп: САД наскоро ќе се повлечат од Сирија

0
178

По претстојното целосно уништување на џихадистите од групата Исламска држава (ИД), САД за многу скоро време ќе се повлечат од Сирија, изјави синоќа американскиот претседател Доналд Трамп.

„Ќе се повлечеме од Сирија за многу скоро време, навистина за многу скоро“, порача Трамп на митинг во американската сојузна држава Охајо.

Тој нагласи дека меѓународната коалиција предводена од САД, наскоро ќе преземе контрола „на 100 проценти од Калифатот“, по што американските сили ќе се повлечат од Сирија.