Трамп: Самит со Ким по изборите на 6 ноември

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот втор самит со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ќе се одржи по изборите за Конгресот и Сенатот на 6 ноември.

„Јас едноставно не можам да заминам сега”, изјави Трамп за новинарите додека леташе во сојузната американска држава Ајова, каде што имаше политички митинг, објави Ројтерс.

 

Американскиот државен секретар Мајк Помпео неодамна изјави во Сеул дека е направен „значаен напредок” за време на викендот во разговорите со водачот на Северна Кореја Ким Џонг-ун и дека двете страни се „мошне блиску” до постигнување договор за вториот самит на двајцата претседатели.

Тој им изјави на новинарите пред да замине за Пекинг дека Ким е подготвен да им дозволи на меѓународните инспектори пристап до базите за нуклеарно тестирање на Пунџе-ри и да ги тестираат ракетните мотори Сохае штом ќе биде постигнат договор за тоа како ќе се изврши проверката, објави агенцијата Ројтерс.

makfax.com.mk

Share.