Трамп: Скапо ќе платите за хемискиот напад во Сирија

0
746

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го осуди наводниот хемиски напад во Сирија и рече дека сирискиот претседател, Башар ал Асад, ќе плати висока цена за тоа. Трамп додал дека во безумниот хемиски напад има многу мртви, вклучувајќи и жени и деца, објави „Ројтерс“.

Сириските опозициски активисти и спасувачите на „Белите шлемови“ тврдат дека вчера бил извршен напад со отровен гас врз градот Дума, единствениот под контрола на бунтовниците во Источна Гута при што биле убиени повеќе десетици цивили, што сириската влада го негира.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изрази загриженост од тврдењата за употреба на хемиско оружје против цивили во Дума во близина на Дамаск.