Трамп ја пофали реакцијата на Северна Кореја

0
193

Претседателот на САД, Доналд Трамп денес ја пофали „продуктивната и срдечна“ реакција на Северна Кореја, која рече дека и понатаму е подготвена за дијалог со Вашингтон, и покрај откажувањето на самитот од страна на американскиот претседател и лидер на Северна Кореја кој се очекуваше со големо нетрпение.

„Многу добра вест е дека пристигнува срдечна и продуктивна изјава од страна на Северна Кореја“, напиша Трамп на Твитер, еден ден откако е објавено неговото писмо од севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во кое го известува за откажување на планираната средба на врвот за 12 јуни во Сингапур и го критикува „непријателското расположение“ на режимот на Пјонгјанг.

„Наскоро ќе видиме каде води тоа, се надевам на траен мир и напредок“, додаде тој.

Пјонгјанг воздржано реагираше на веста за откажување на средбата објавена истиот ден кога Северна Кореја соопшти дека „целосно го демонтирала“ својот полигон за нуклеарни тестови.

Првиот заменик на севернокорејскиот министер за надворешни работи, Ким Кје Гван, оцени дека одлуката на Доналд Трамп „е навистина вредна за жалење“, но остави можност за продолжување на дијалогот, велејќи дека Пјонгјанг е подготвен да „седне во било кој момент и на било кој начин да разговара за да го реши проблемот“.

mkd.mk