Трамп ја прифати поканата за средба со Ким Јонг Ун

0
223

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во петокот дека е подготвен да се сретне со севернокорескиот челник Ким Џонг-ун, што би била нивната прва средба „тет-а-тет“ и потенцијално голем пресврт во нуклеарните тензии меѓу Вашингтон и Пјонгјанг.

Ким се обврза на „денуклеаризација“ и прекинување на нуклеарните и ракетните тестирања, изјави јужнокорејскиот функционер надлежен за националната безбедност, што го потврди и Белата куќа.

„Состанокот се планира“, напиша Трамп на Twitter по разговорот со Чунг Еу-јонг, создавајќи простор за својот најголем надворешнополитички потег од стапувањето на претседателската должност во јануари 2017 година.

Чунг, кој го известил Трамп за својата неодамнешна посета на Северна Кореја, изјави дека американскиот претседател одговорил на повикот на Ким и се согласил на состанок кој би требало да се одржи до мај.

Висока американски функционер подоцна изјави дека средбата би можела да се случи „во рок од неколку месеци, а дека точниот датум и местото допрва треба да се утврдат“.