Трамп ќе го отпушти и советникот за национална безбедност

0
122

Во уште еден удар на високите редови на својата администрација Трамп има намера да го отпушти Мекмастер со кого никогаш добро не се сложувал, но е подготвен да причека, бидејќи не сака да го понижи генералот со три ѕвезди и сака да биде сигурен дека нашол солиден наследник, напиша Вашингтон Пост.

Доналд Трамп одлучи да го отпушти својот советник за национална безбедност Херберт Рејмонд Мекмастер, тврди Вашингтон пост, додавајќи дека американскиот претседател сака да се ослободи и од други високи функционери по спектакуларниот отказ на државниот секретар.

Гласините за можното отпуштање на генералот Мекмастер веќе со недели кружат во американските медиуми. Но, овој пат, Трамп е решен да се реши од него „и активно разговара за потенцијалните замени“, тврди Вашингтон пост, повикувајќи се на „извори информирани за овие планови“. Си-ен-ен, исто така, се повикува на повеќе извори кои ги потврдија овие информации.

Запрашана за информациите од Вашингтон Пост, портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс изјави дека во Советот за национална безбедност нема промени, но таа не ја коментираше можноста наскоро да се дојде до нив.

mkd.mk