Поранешниот американски претседател Доналд Трамп соопшти дека нема да го одложи патувањето во Милвоки на конвенцијата на Републиканската партија, и покрај обидот за негово убиство на предизборниот митинг во Пенсилванија.
„Врз основа на вчерашните страшни настани, планирав да го одложам моето патување во Висконсин на Републиканската национална конвенција за два дена, но штотуку решив дека не можам да дозволам атентатор, или потенцијален убиец, да принуди промена на мојот распоред или било што друго. Затоа, ќе заминам за Милвоки, како што беше закажано, денеска во 15:30 часот. Благодарам! DJT“, напиша вчера Трамп на неговата платформа Truth Social.
На четиридневната конвенција во Висконси, која почнува денеска, републиканците треба официјално да го номинираат Трамп за свој кандидат за претседателските избори на 5 ноември.
МИА












