„Транспортер“ одложен за 31 јануари

0
571

Судењето за предметот „Транспортер“ на СЈО е одложено за 31 јануари.

Одложувањето, според новоименуваната судијка во случајот Добрила Кацарска, е поради поднесена жалба во Апелацискиот суд.

Во „Транспортер“ обвинети се поранешниот битолскиот градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.