ТЕРА

REKLAMA???

ТРИБИНА „СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ-ЗЛАТНА ЕПОХА НА СЛОВЕНСКАТА ПИСМЕНОСТ“

Во организација на Комисијата за образование и наука на ОК ВМРО- ДПМНЕ- Битола, се одржа јавната трибина на тема “Св. Кирил и Методиј- златна епоха на словенската писменост” со посебен акцент на нашата Македонија-лулка на писменоста.

На трибината се обрати и Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

Трибината беше збогатена со авторски рецитал од професорка Наташа Швигир, во изведба на Ангела Плушковска и Викторија Брдаровска.

За усното изложување од историски аспект од книжевен и јазичен дел, свое излагање имаа професорите Горан Талевски- професор по Историја и Наташа Швигир- професор по Македонски јазик и литература.