Тргната и статуата на Александар Велики од аеродромот

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Од скопскиот аеродром синоќа е отстранет споменикот на Александар Велики, откако пред неколку дена беше тргнат и натписот, објави порталот НоваТв.

Скопскиот аеродром го доби името „Александар Велики“ во декември 2006 година, со одлука на претходната Влада, а споменикот беше поставен во 2011 година, откако ТАВ стана концесионер.

Одлуката за преименување на аеродромот и на автопатот, е донесена на седница на Владата во почетокот на февруари годинава, а во знак на добра волја и затоплување на односите со Грција.

Со оваа одлука тој е преименуван во Меѓународен аеродром „Скопје“, а сменето е и името на автопатото „Александар Македонски“ во „Пријателство“.

Share.