Локалната самоуправа на општина Прилеп заедно со јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање ја збогатија детската забава во градот со пуштањето на детското туристичко вовче, кое со ѕвонење го најавува своето тргнување од Бул. „Гоце Делчев„ од 17:00 до 22:00 часот, секој работен ден.

Од Општина Прилеп велат дека тргнувањето е од пред „Реклами“, каде се чека ред и се бара место повеќе, за да се доживее една необична авантура и тура низ градот, со многу насмеани деца!

„Среќните лица на дечиња, родители, баби и дедовци и многу насмевки, радосен восклик и детска возбуда, само даваат мотив повеќе за збогатување на забавните детски содржини во градот. Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески и Локалната самоуправа и во иднина ќе работат на подобрување на културно-забавниот живот во Прилеп за сите генерации, а особено на проекти за радосни, среќни и насмеани деца“ се вели во информацијата од Општина Прилеп.













