Тринаесет жртви во падот на хеликоптерот во Мексико

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Воен хеликоптер се урна во јужно Мексико во саботата и притоа загинале 13 лица, а несреќата се случи кога функционери од воздух ги следеле димензиите на катастрофалниот земјотрес кој во петокот вечерта по локално време ја погоди сојузната држава Оахака, објави обвинителството.

Дванаесет лица загинале на самото место, а тринаесеттата жртва починала во болница. Повредени се петнаесет луѓе.

Хеликоптерот ги превезувал министерот за внатрешни работи на Мексико, Алфонсо Наварете Прида и гувернерот на сојузната држава Оахака, Алехандро Мурат, за да ги проценат штетите по силниот потрес.

Пилотот ја загубил контролата над леталото кусо пред слетувањето, соопшти министерството за внатрешни работи. Страдале лица кои на земја кои го чекале министерот. Министерот и гувернерот не се потешко повредени во несреќата.

Земјотресот со магнитуда од 7,2 степени по Рихтер го погоди Мексико во петокот и остави речиси милион домови и деловни простори без електрична енергија. Најмалку педесет домови се оштетени во јужната држава Оахака, којашто како и главниот град Сиудад де Мехико закрепнуваат од земјотресот што ги погоди ланскиот септември кој предизвика големи материјални штети.

Share.