Трио Грнета со голем концерт пред битолчани

0
411

Откако го “кренаа на нозе” Истанбул, со настапот во најреномираната оперска сала „Суреја“ , кларинетистите Исмаил Лумановски и Игор Бакревски и пијанистката Марија Вршкова на 22-ри февруари, ќе одржат концерт и во Центарот за култура во Битола .
Лумановски беше гостин на албумот на Наташа Атлас -Илјадници патишта,
а  на светската музичка мапа важи за еден од најдобрите кларинетисти од поновата генерација музичари.
Во 2016 на Златна бубамара на популарноста, ја доби наградата за музички маестро на годината .

Настапот на ова трио Грнета во Битола, е во организација на Битолски весник, кој следниот ден после концертот на манифестацијата Избираме најуспешни битолчани, на Лумановски му ја доделува наградата Ајри Демировски.

За проектот музичарите велат дека е многу интересен и несекојдневен,  кој и македонската публика заслужува да го чуе.
Концертот е со почеток од 20 часот.