ТЕРА

REKLAMA???

ТРИПУНОВСКИ ВО БИТОЛА: СУБВЕНЦИИТЕ ЗА СТОЧАРИТЕ СЕ ЗГОЛЕМЕНИ

Работна посета и средба со земјоделците од битолскиот крај оствари министерот за земјоделство водостопанство и шумарство Цветан Трипуновски. Ги демантираше информациите кои даваат погрешна слика за висината на субвенциите за сточарите, информираше дека во тек е откупот на тутун и ги најави субвенциите за лозарите.

Работната посета е дел од обидот на министерството за исправање на погрешниот впечаток на земјоделците низ државата во однос на Програмата за финансиска поддршка на земјоделците за 2025 година.

„Во делот на финансиска поддршка презентирав пред присутните, коишто беа најголем дел сточари од овој регион, дека за оваа година имаме зголемување на субвенцијата, а во делот на сточарството, дали е тоа за крави, овци или кози и во делот на млекопродукцијата. Знаете, во јавноста се појавија некои шпекулации дека се прави кратење итн. Апсолутно не е точно. Денеска презентирав дека имаме зголемување на субвенциите во делот на сточарството се со цел да го зголемиме и сточниот фонд и млекопродукцијата којашто е еден од поважните земјоделски производи.“ – рече пред новинарите Трипуновски.

Министерот денеска информираше и дека во текот на оваа година мораше да се исплатат сите долгови на државата кон земјоделците, но дека се фатил чекорот и редовната исплата редовно ќе се реализира на тие кои се регистрирани и ја обавуваат дејноста земјоделец.

„Поддршката оваа година за една крава изнесува 8.000 денари по грло, додека поддршката за литар произведено млеко од 5 ден ја качуваме на 6 денари, што значи со ова го стимулираме секој еден сточар којшто ќе ја зголеми млекопродукцијата да добие дополнителна субвенција како поддршка што треба да биде дополнителен стимул за да го зголемува и стадото и млекопродукцијата. Ова се отсликува и во другите гранки во делот на субвенционирањето , во една година неможеме да направиме радикален рез во субвенционирањето , правиме план, направивме анализа. Оваа година почнуваме со некоја реформа во делот на субвенционирањето, продолжуваме и во 2026 година, што значи дека овие пари коишто ги даваме како држава треба навистина да имаат сериозен ефект не само во враќање на земјоделското производство туку и во една нагорна линија да го зголемуваме, дали за домашна употреба или нормално за извоз. “ – вели тој.

На новинарско прашање министерот Трипуновски денеска зборуваше и за плановите на министерството односно владата за активности кои ќе ги однесат македонскит земјоделски производи надвор од државата. За таа цел се воделе разговори со министерството за надворешни работи и трговија.

„На состанокот се разговараше како заедно да настапиме со министерството за надворешни и трговија за проширување на пазарите на кои треба да ги пласираме нашите земјоделски производи, меѓутоа за да има тоа полн ефект ние како министерство работиме да го подигнеме и домашното производство затоа што знаете дека пазарите надвор од државата бараат квантитет покрај квалитетот и затоа ние мора да работиме и на зголемуавње и на домашното производство и заедно со министерството да ги презентираме нашите производи и преработки од земјоделски производи надвор од границите. Таков еден настап се реализира и при мојата посета на Берлни заедно со винскиот сектор. Имавме посебна промоција на нашето квалитетно македонско вино. Интересот, морам да пренесам дека беше голем. Продолжуваме и во другите сектори се со цел да го презентираме нашиот квалитетен земјоделски производ.“

Откупени 24 милиони килограми тутун, просечната цена 399,87 денари, а по завршувањетона откупниот рок ќе се поделат субвенциите со кои цената ќе достигне до 500 денари. Трипуновски денеска откри и дека утре, на денот што се одбележува како ден на лозарите и винарите во Македонија че започне субвенционирањето на лозарите, а информираше и дека во текот на селданта недела во соработка со Платежната агенција и Агенцијата за поттикнуавње на развојот на земјоделието ќе започне промоција на новообјавениот ИПАРД повик за проекти во земјоделието.