ТЕРА

REKLAMA???

ТРИУМФ НА СИ ДЕНС ФЕСТИВАЛОТ

По најтурбулентниот период во историјата на фестивалот, исполнет со неизвесност за одржувањето и проблемите со ултиматуми од изведувачите, „Си Денс“ (Sea Dance) фестивалот повторно покажа зошто го сметаат за најважен црногорски фестивал и еден од најпрепознатливите музички настани на Јадран. Низ фестивалските капии за време на трите дена поминаа повеќе од 40.000 посетители од многу европски земји. И покрај многуте препреки, организаторите од тимот на „ЕГЗИТ“ се потрудија да осигураат врвна програма, преполна со интернационални и регионални музички ѕвезди. Со своите феноменални настапи публиката ја воодушевија Констракта, на која ова ѝ беше воедно премиерен црногорски концерт, потоа техно-дивата Нина Кравиц, најпопуларниот регионален состав Дубиоза Колектив, планетарно популарниот електронски тандем „Мајнд Агеинст“, балканската трап кралица Сенида и многу други исклучителни изведувачи.

На овогодинешното издание на „Си Денс“ фестивалот премиерно беше претставено најдоброто фестивалско ви-ар искуство на светот. Овој ексклузивен ви-ар проект прв пат беше претставен на Светската изложба ЕКСПО Дубаи, а го сочинуваат познатите фестивалски локации на „ЕГЗИТ“ снимени со „8К 360 ви-ар“ камера во јули 2021 година.
 
Осмото издание на „Си Денс“ фестивалот донесе и бројни дополнителни содржини и зони реализирани во духот на општествениот активизам на Фондацијата „Егзит“. Оваа година во фокус беа грижата за менталното здравје, еколошката мисија и продолжување на хуманитарниот проект „Старс4Кидс“.