Тричковски: Ќе се бориме за националниот дрес докрај

Репрезентацијата на Македонија на 13  јуни во Букурешт со почеток од 18:00 часот го игра првиот натпревар против Австрија во рамките на групата Ц од Европското првенство.
На денешниот брифинг со новинарите, Иван Тричковски и Егзон Бејтулаи ги споделија очекувањата пред самиот почеток на првенството.

„Одиграв одлична сезона во Кипар, постигнав многу важни голови. Тоа претставува дополнителен мотив за претстојното Европско првенство. Настап на едно вакво големо натпреварување е остварување на сонот на цела нација. Треба да продолжиме таму каде што застанавме. Ќе го дадеме максимумот на секој натпревар и ќе се бориме до крај за дресот со државен грб. Селекторот секогаш го има последниот збор, тој одлучува кои 11 фудбалери ќе го започнат натпреварот. Атмосферата во националниот тим е одлична. Сите со нетрпение очекуваме да започне првенството“, велки Тричковски.

Сподели