Три жени убиени во дом на ветерани во САД, напаѓачот мртов

0
198

Во калифорнискиот дом за ветерани кои боледуваат од  посттрауматски стрес, се пронајдени мртви три жени заедно со убиецот, кој претходно ги држел како заложници.

Вооружениот напаѓач, идентификуван како Албер Вонг, поранешен член припадник на пешадијата на американската армија, влегол во домот  и држел три жени како заложници во најголемиот дом на ветерани во Јунтвил, 85 километри северно од Сан Франциско, објави АП.

Четири тела беа откриени по осум часа откако вооружениот напаѓач влегол во дел од објектот каде што се одржуваше забава по повод  заминувањето на еден од вработените од домот во кој се лечат војници кои што се бореа во Ирак и во Авганистан.

faktor.mk