Три музички и визуелни магионичарки со спот во Хераклеа

Атрактивните виолинистики Ирена Стојановска и Александра Мирсинова и виолончелистаката и вокал Марта Куч, трите вработени во Македонска Опера и Балет и членки на гудачкото трио „Тринити Стринг”, неодамна ја објавија нивната трета песна насловена „Да или не”.

Овие девојки избраа и доста атрактивна локација на која беше снимено нивното видео, а тоа беше античкиот локалитет Хераклеа во Битола каде склопот на нивната музика, изглед и локацијата резултираа во едно прекрасно виде кое дефинитвно е милина и за очи и за душа.

Публиката сака атракција, а Ирена, Александра и Марта се синоним за атрактивност и квалитет на сцената, додека комбинацијата на електронска или дип хаус музика и класични инструменти е единствена можеби и надвор од нашата држава.
Трите згодни и суперталентирани девојки велат дека со текот на годините научиле што ѝ се допаѓа на публиката, а тоа е атракцијата. Се трудат да бидат што поинтересни, и во изборот на музика и со нивната појава. Надвор од сцената пак, жонглират меѓу семејството, вежбањето, студиото, состаноците и телефонските разговори.

Единствени се во нивниот инструментариум, иако и женски бендови и генерално се ретки во нашата земја, додека комбинацијата на електронска или дип хаус (deep house) музика и класични инструменти е апсолутно единствена можеби и надвор од нашата држава.

Веќе работат на новата песна која се надевааат дека ќе излезе до октомври со видео запис. Би требало да биде изненадување и ќе биде прва од еден поголем концертен проект кој се надеваме дека никој нема да го остави рамнодушен.

Сподели