Три прави три опачни- сатиричен приказ на секојдневието

0
557

Три прави, три опачни, е сатиричен приказ на животот на обичниот, мал човек, којшто секојдневно се бори да преживее во ова наше општество, деформирано од либералниот капитализам.

Невидливиот човек што развива различни стратегии за преживување е главниот протагонист во нашата претстава.

Имено се работи за перформанс шоуто на Никола Пројчевски на сцената на Интимниот театар.

Хаотичната политичка и општествена ситуација што не опкружува е коментирана од една иронична гледна точка, што дава дополнителен шарм и хумор на егзистенцијалните проблеми.

Пројчевски во самата претстава игра неколку ликови, што самостојно се справуваат со битката за опстанок и самостојно се трудат да ги реализираат своите желби за подобро утре.

Во исто време овие ликови совршено се адаптираат кон суровата и нејасна реалност и стануваат комични и во исто време шармантни критичари на се она што се случува окулу нас.

“Три прави, три опачни“, на еден навидум лесен и хумористичен начин, дискутира и опфаќа горки прашања, што не мачат сите нас, и портретира обични луѓе што се трудат да егзистираат во хаосот, и што уопрно и по никаква цена, не се откажуваат од своите соништа.

Пројчевски е дел од екипата на Битолскиот театар, на која сцена игра во скоро сите претстави кои во моментов се на репертоар.