Три стипендии за Техничкиот факултет во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем МЕПСО на 9 октормври распиша оглас за доделување стипендии за студенти на Техничкиот факултет при Универзитетот „Св.Климент Охридски“, Битола.

Ќе доделат  3 (три) стипендии за стипендирање на тројца најдобрите студенти со просек од 8,00 па нагоре, кои запишале I-ва студиска година на Техничкиот факултет во Битола при Универзитетот „Св.Климент Охридски“ во Битола (Електротехнички отсек), во студиската 2017/2018 година, и тоа во износ од две полугодишни исплати од по 30.000,00 денари, за секој стипендиран студент.

Условите кои треба да ги исполнуваат кандидатите кои ќе се пријават на овој оглас се следните

1. Да е запишан по прв пат во I-ва студиска година на Техничкиот факултет во Битола, при Универзитетот „Св.Климент Охридски“ во Битола, во студиската 2017/2018 година;

2. Да има просечна оцена од досега положените испити од 8,00 па нагоре;

Секој кандидат своерачно потполнува и потпишува пријава во која треба да бидат содржани неговите генералии: име, презиме, адреса на живеење и контакт телефон.

Заедно со пријавата за докажување дека ги исполнува условите од огласот секој кандидат треба да достави и:

Копија од документ за лична идентификација,
CV мотивациско писмо;
Уверение за положени испити во кое ќе се утврди просек од 8,00 па нагоре издадено од Технички факултет Битола – Универзитетот „Св.Климент Охридски“ во Битола;
Потврда издадена од Технички факултет Битола дека кандидатот е запишан во II-ра студиска година како редовен студент на Електротехнички отсек на Техничкиот факултет во Битола при Универзитетот „Свети Климент Охридски“, во студиската 2018/2019 година;
Своерачно потпишана Изјава дека се откажува од друга стипендија доколку добие стипендија од МЕПСО;

Огласот е отворен 10 (десет) работни дена од сметано од денот на објавувањето на огласот.

Кандидатите горенаведената документација можат да ја достават во архивата на МЕПСО или да ја испратат со препорачана поштенска пратка на адреса: АД МЕПСО Скопје
Ул.„Максим Горки“ бр.4, 1000 Скопје, Р.Македонија.

Share.