„Трката на радоста“ утре на Тера телевизија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Ученици од Битола и од Скопје новата учебна година ја почнаа со хуманитарна „Трка на радоста”. Во Битола двете трки се одржаа на Градското шеталиште, а во Скопје во Градскиот парк.

Во првата трка, „Првачињата трчаат“ се трчаше на  200 метрии  и учесници беа деца на возраст од 5 и 6 години, односно првоодделенци, а трката „Учениците трчаат“ беше на  500 метри со деца од 7 до 12 години.

Оваа манифестација ја организираше  TVB.mk, првиот веб ТВ-канал во земјава посветен на децата и тинејџерите. Хуманитарната „Трка на радоста” беше поддржана од компанијата „Бучен Козјак” од Куманово, која беше покровител на настанот.

Хуманитрната трка логистички беше поддржана и од Советот на Општина Битола.

Преглед од оваа манифестација ќе имате можност да гледате на програмата на Тера утре сабота од 10:30 и 19:30 и в недела од 10:30 часот.

 

Share.