Трка на радоста на 1 септември и во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Ученици од Битола и од Скопје новата учебна година ќе ја почнат со хуманитарна „Трка на радоста”. Манифестацијата ќе се одржи на 1 септември во двата града, односно на Градското шеталиште во Битола и во Градскиот парк во Скопје.  Оваа манифестација ја организира  TVB.mk, првиот веб ТВ-канал во земјава посветен на децата и тинејџерите.

– На 1 септември  ќе ги исполниме градските шеталишта со детски џагор и радост. Трката е од ревијален, а не од нетпреварувачки карактер. Секое дете кое ќе ја помине целта ќе добие медал. Трката на некој начин е борба со самиот себе да стигнеш до одредената цел. Целиот настан има и хуманитарен  карактер, затоа што средствата што децата ќе ги уплатата за регистрација на  трката,  ќе се донираат за школски прибор за деца од загрозени семејства.  Ова е уште еден убав момент децата да видат дека со нивното учество придонесуваат да усреќат и да го олеснат новото животно поглавје на некој нивни врсник, рече на денешната прес конференција Весна Божиловиќ, иницијатор и организатор на хуманитарната „Трка на радоста“.

„Трката на радоста“ ќе се одвива во две трки. Првата, „Првачињата трчаат“ ќе се реализира  на 200 метрии  и   е наменета за деца на возраст од 5 и 6 години, односно на првоодделенците,  а   трката „Учениците трчаат“ ќе биде на  500 метри и ќе учествуваат   децата од 7 до 12 години. Стартната позиција е пред Спортската сала во Битола,  а во Скопје пред Градски парк „Школка“

-За сите учесници има стартни пакети, бројот е ограничен, и во него има маичка, капче со логото на настанот. Секој  може да аплицира до 28 август на сервисот smart race. На крајот од трката ќе има забавна програма и лотарија, која е изненадување од организаторот, рече  Божиловиќ.

Хуманитарната „Трка на радоста” е поддржана од компанијата „Бучен Козјак” од Куманово, која е покровител на настанот.

-Идејата за трката е прекрасна и не размислувавме многу да прифатиме да бидеме покровители и спонзори за овој проект, од едноставна причина што за нашата компанија од исклучително значење се децата и затоа што сакаме да креираме генерации потрошувачи со здрави навики. Токму затоа го одбравме овој настан на 1 септември како ден кога ќе го лансираме нашиот нов производ. Станува збор за пробиотски јогурт, а децата да запаметат  дека секое утро ќе можат да имаат прекрасен производ кој што ќе им помогне да ги издржат секојдневните обврски во училиште, изјави Анита Спасовска, генерален менаџер во „Бучен Којзак“-Куманово.

Спортската академија од Битола е задолжена за техничкиот дел на трката, односно обележување на патеката, мерење на времето.

-Прифатиме да бидеме дел од оваа трка  не само затоа што има спортски, туку и хуманитарен карактер. Нашата академија активно е вклучена во сите спортски настани во градот, секаде онаму каде што има потреба, а не ретко донираме и во хуманитарни цели. Се надевам дека организациониот  дел за кој што ние сме задолжени ќе помене во најдобар ред, а децата ќе бидат среќни со овој настан, рече Лазе Гаштаров, ментор професор во Спортската академија во Битола.

Хуманитрната трка логистички е  поддржана и од Советот  на Општина Битола

-Со задоволството го поддржавме настанот и даваме  логистичка поддршка на „Трката на радоста“ и ги повикуваме оние учениците од основните училишта  кои имаат желба, да учествуваат на оваа трка. На сите ученици им посакуваме среќна и успешна учебна година и апелираме да ги негуваат здравите навики, рече Борче Корлевки, советник и претседател на Комисијата за спорт во Советот на  Општина Битола.

Share.