Трки на бебиња и трки на полжави

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во лето во САД се одржуваат голем број трки. Но, има и такви каде учесниците воопшто не се грижат дали ќе победат.

Еден таков натпревар е годишната трка во брзо лазење. Еве кој се натпреварува во неа…

Ова е завршен спринт на годишната трка на брзо лазење на учесници во пелени, што се одржа во хотел во Менхетн. Патеката е долга 3,7 метри.

Родителите на Лукас Хо се горди на својот 14 месечен шампион.

Трката на бебиња или Diaper Derby како што е позната овде,  е настан спонзориран од Life Time Tri, организатор на  триатлон натпревари во САД.

Но, некогаш нема посакувани резултати. Бебињата се привлечени во друга насока,  остануваат да лежат на подот или пак – плачат.

Тие кои што мислат дека трките со бебиња се необична атракција, треба да ги погледнат трките со полжави.

 Ова е Светско првенство на полжави! Се одржува од 1960-те во Конгам, Англија, во општината Норфолк.

Полжавите се натпреваруваат на маса, каде се исцртани три круга. Кој стаса до најоддалечениот – е победник.

Набљудувачите се возбудени, тркачите – фаќаат кривини.

Некои одат во погрешен правец, некои се на правиот.

И со фото-финиш е одреден победникот – полжавот Семи. Победи за влакно, или – за рокче.

Трка која покажува дека бавно, но на вистински пат – некогаш е начинот за победа.

Ваквите трки привлекуваат големо внимание. Затоа и традиционално се одржуваат.

За ТВ Тера од Вашингтон Анета Шијакова од Гласот на Америка.

Share.