Тројно повеќе податоци собрани од содржините на телефонските разговори во САД

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Американската Агенција за национална безбедност (НСА) собрала над 500 милиони записи на телефонски повици на Американци минатата година, што е тројно повеќе отколку во 2016 година, се наведува во извештајот на американското Национално разузнавање, објавен вчера.

Зголемувањето од 151 милиони на 534 милиони е спроведено во втората година од функционирањето на новиот систем за следење, воведен во агенцијата, откако во 2015 година американските законодавци усвоија закон кој цели да ја ограничи нејзината способност да собира големи количини на податоци. Која е причината за зголемувањето на бројот на собраните информации не е сосема јасно.

Сепак, податоците се неспоредливо помалку од милијардите записи дневно, собирани со стариот систем на НСА за следење.

Метаподатоците собрани од НСА содржат телефонски броеви и времето на разговор, но не и содржината на разговорот.

faktor.mk

Share.