Тројца повредени во напад со нож во Виена

0
151

Австриската полиција уапсила авганистански државјанин за поврзаност со нападите со нож во Виена при кои тешко беа повредени 4 лица. 23 годишниот осомничен бил приведен откако избодел 20 годишен маж, исто така од Авганистан.

Полицијата се уште истражува дали осомничениот имал врска и со нападот на австриско семејство еден час претходно исто така во главниот град. Сите тројца членови на семејството, родителите и нивната 17 годишна ќерка, како и жртвата од Авганистан се здобиле со повреди опасни по животот.

Според полицијата, нападот најверојатно не е поврзан со тероризам, но се уште не се знаат мотивите на сторителот.