ТЕРА

REKLAMA???

ТУРИСТИЧКИТЕ АГЕНЦИИ ПРЕД НОВА КРИЗА ПОРАДИ ДОКУМЕНТИТЕ ЗА ПАТУВАЊЕ?

Запознава луѓе, поттикнува врски, овозможува развој на различни заедници, создава спомени, споделува радости – вака организацијата за туризам на Обединетите Нации го прославува денот на туризмот, признавајќи ја улогата на оваа индустриска гранка во светот. Дали годинава македонските туристички агенции ќе придонесат во слиакта за туризмот како позитивна промена?

„Можам да ви кажам дека сметаме оти ќе има поголем хаос отколку од „Корона периодот“. Тогаш барем се знаеше, секаде беше затворено, не можеше да се патува, сега, ние не можеме да патуваме. Реагираат луѓето, се снаоѓаат, повторно сме оставени сами на себе , секој да се снаоѓа кој како знае. Тоа го поминавме еднаш со Короната, мислевме дека е зад нас, дека нема повеќе да се повтори, но, еве сами себеси си го правиме ова.“ – вели Никола Митревски од туристичката агенција „Ариес“ од Битола.

Од туристичката агенција Ариес објаснуваат дека сеуште немаат откажани аражмани, но сите агенции во градот  не се исклучок од сите во државата и не знаат како ќе се одвива нивната работа ова лето. Ова е време кога се договараат  и резервираат летните одмори.

„Луѓето не знаат каде ќе патуваат, не можат да одлуќат сега да резервираат, не знаат кога ќе имаат патни исправи, едноставно се чудат.“

Проблематична е и сегашната состојба, државата како да не знае кој се е надвор и треба да се врати , на пример со авионска карта којашто чини 100 илјади денари. Агенциите немаат никакви информации од државата. Во Ариес самоиницијативно ги барале и информирале своите патници каде се треба да се обратат за да може да се вратат дома.

„Можам да ви речам дека никој ништо не знае, нема ниту официјални информации на веб страниците официјални државни, на полицијата, секој ден се менува некоја информација, туку може туку не може да се патува, ќе може со лични карти па неможе со лични карти , возачките – ќе важат па нема да важат.. Во секоја фамилија има некој документ му фали. Тука се и оние најреволтирани што извадиле документи по 2019 година и ги добиле со старо име.“

Нарушено е основното право на слобода во движењето, надвор од земјата, а предизборниот и изборниот период и неможноста да се прават различни јавни набавки го дополнува  оправданиот страв од загуба кај туристичките агенции.

„Загубите се немерливи, не само кај нас туристичките агенции кои, нормално дека ќе имаме загуба затоа што луѓето нема да можат да ги остварат своите планирани патувања, но да не зборуваме само за туризмот, тука имаме и деловни патувања, луѓе кои работат во странство кои имаат потреба да патуваат . Загубите ќе бидат големи. “- вели Митревски, пренесувајќи го размислувањето на своите колеги.

Во државата има три стопански комори за туризам кои досега немаат никаков конкретен став ниту пак официјален предлог до државата.  Ова е приоритетен, итен граѓански , а не политички проблем и мора да се искористат сите правни можности кои ќе го регулираат патувањето на нашите државјани вели Митревски. Во неформалните разговори на туристичките агенции од двете земји има различни предлози.

„Дури нашите партнери, еве Грција, затоа што оттаму потекнува целата работа – во ред, потпишавме договор, се обврзавме на таа обврска- тие велат “дајте ние преку нашите комори ќе издејствуваме вие повторно да доаѓате кај нас со хартија“, кога печатот се ставаше на хартија заради непризнавањето на нашето име во тој момент. Албанците велат „ ние тоа го поминавме за време на тешкиот комунизам за време на Енвер Хоџа , еве вас ве снајде“ “ –пренесува Митревски.

Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека пристигнале 140 илјади нови обрасци за пасоши, а дека од декември досега се издадени повеќе од 250 илјади пасоши, што само по себе укажува на видливиот крај на оваа македонска пасошка епизода.