Турски авион се урна во Иран

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Единаесет лица загинаа откако турски авион денеска се урна во југозападниот дел на Иран, јавија иранските медиуми.

Портпарол на цивилните воздухопловни власти на Иран потврди дека станува збор за турски приватен авион и за 11 загинати.

Иранската државна телевизија јави дека авионот летал од Шардж во Обединетите Арапски Емирати до Истанбул и дека се срушил во планинско подрачје по што се запалил.

Share.