Турција го осуди, Ерменија го поздрави гласањето на холандскиот парламент

0
147

Турското Министерство за надворешни работи го осуди гласањето на холандскиот парламент за признавање на геноцид над Ерменците пред сто години. Жестоко ја осудуваме одлуката на Долниот дом на холандскиот Парламент кој настаните од 1915 година ги призна како геноцид, се посочува во соопштението на турското МНР.

Од друга страна, ерменското министерство за надворешни работи го поздрави гласањето, соопштувајќи дека тоа ја потврдува посветеноста на холандскиот парламент на универзалните човечки вредности.

Холандскиот Парламент вчера со големо мнозинство усвои Резолуција со кој се признава „ермескиот геноцид“ во Османлиската Империја. Долниот дом на Парламентот со 142 гласа „за“ и три „против“ го усвои документот во кој масовните убиства на Ерменците во Османлиската Империја за време на Првата светска војна се оквалификуваат како геноцид.

slobodnaevropa.mk