Турција го ратификуваше нашиот пристапен Протокол за НАТО

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Турција  го ратификуваше протоколот за нашето членство во НАТО, а веста на Фејсбук ја објави вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.

„Благодарност до Турција за вечерашната ратификација на нашиот НАТО протокол! teşekkür ederim!“, напиша Шекеринска.

Ратификацијата на Протоколот ја потврди на Твитер и шефот на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО Осман Ашкин.

– Големото Народно собрание на Турција го комплетираше ратификациониот процес на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Како и досега, Турција ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во евроатлантскиот-интегративен процес, напиша Ашкин на Твитер.

Досега 19 од 29 држави го ратификуваа Протоколот и дадоа зелено светло за пристапување на нашата земја во НАТО Алијансата.

Пред четири дена, претседателот Стево Пендаровски на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, во Сараево, се  сретна  со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган кој го најави ратификувањето на пристапниот Протокол за членство во НАТО.

 

Share.