Турција оди на предвремени избори

0
177

Турскиот претседател вели земјата мора итно да се префрли на извршно претседателство.

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган најави предвремени избори на 24 јуни, повеќе од една година порано од планираното, велејќи дека земјата итно треба да се префрли на извршно претседателство.

Кој и да победи ќе добие исклучителни овластувања по референдумот од минатата година кој ја претвори Турција во претседателска република наместо парламентарна.

Ердоган рече дека ја донел одлуката по разговорот со лидерот на Партијата на националното движење (МХП), Девлет Бахчели кој еден ден порано ги изложил изгледите од предвремени избори. Парламентарните и претседателските избори претходно се очекувани во ноември 2019 година.