Уапсени две лица кои присилувале малолетници да продаваат низ Широк Сокак

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +
На 11 јули во 10.30 часот на улица „Широк сокак” во Битола полициски службеници лишиле од слобода две лица, едното од Велес, а другото од Прилеп поради тоа што биле добиени оперативни сознанија дека присилуваат малолетни лица да вршат продажба на разни предмети во центарот на Битола. По целосно документирање и расчистување на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР.
Share.