Уапсени 24 лица поради детска порнографија

0
341

Шпанската полиција соопшти дека уапсила 24 лица кои ширеле поргнографски фотографии од деца преку интернет.

Меѓу уапсените се државјани на Велика Британија, Гана, Пакистан и Еквадор.

Полицијата најде илјадници слики од сексуално злоставување на деца кај еден Британец кога тој беше уапсен.

Идентификувани се уште осум луше, за кои се верува дека се поврзани со тој синџир на порнографија, преку кој се делат фотографии преку Фејсбук и Скајп.

Апсењата се спроведени ширум Шпанија од Мадрид до Барселона и на Канарските и Балеарските острови.