Уапсен еден од петтемина осомничени за упадот во Собранието по кои е распишана потерница

0
324

Полицијата уапсила еден од петтемина осомничени за упадот во Собранието на 27 април минатата година кои се во бегство. Како што дознаваме, станува збор за Младен Додевски, за кого е распишана и меѓународна потерница.

Интерпол на 4 јануари освен по него, распиша потерница и за Никола Митревски, Дејан Давидовски, Александар Василевски – Нинџа и Митре Питроповски. Сите се осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок на Македонија и за тешки насилства во Собранието на 27 април лани.

Судот во нивно отсуство им определи мерка притвор и веднаш штом ќе бидат пронајдени, ќе бидат спроведени во Истражниот затвор во Шуто Оризари.

makfax.com.mk